Ahmed Asmar
23 Декември 2024•Ажурирај: 25 Декември 2024
РАМАЛА (АА) - Израелската Армија денес сруши уште еден палестински дом во близина на Хеброн на окупираниот Западен Брег, изјави локален претставник, јавува Анадолу.
Израелските сили придружени со булдожер извршија упад во селото Ал-Шујух на јужниот Западен Брег и срамнија двокатна куќа откако ги извадија нејзините жители, изјави за Анадолу Хани Јаара, член на групата Фатах.
Тој рече дека израелските сили го навеле немањето градежна дозвола како причина за уривањето.
Израел нашироко го користи изговорот за недостиг на градежни дозволи за рушење на палестинските домови, особено во областа Ц на окупираниот Западен Брег, која сочинува околу 60 отсто од неговиот простор.
Според Договорот од Осло од 1995 година меѓу Израел и Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, беше поделен на три дела - област А, Б и Ц.
Областа Ц е под административна и безбедносна контрола на Израел додека не се постигне договор за конечниот статус со Палестинците.
Тензиите низ Западниот Брег се зголемени поради бруталната војна на Израел на Појасот Газа, во која се убиени над 44.200 Палестинци, главно жени и деца, по нападот на Хамас минатата година.
Најмалку 824 Палестинци оттогаш се убиени, а над 6.500 се повредени од израелската Армија на окупираната територија, според Министерството за здравство.
Меѓународниот суд на правдата во јули ја прогласи повеќедецениската окупација на Палестина од страна на Израел за „нелегална“ и побара евакуација на сите постоечки населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.