Ekipa
26 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
РАМАЛА (АА) - Израелските сили приведоа двајца поранешни палестински пратеници во денешните рации на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израелските војници извршија рација во домовите на поранешните пратеници, Хатем Кафиша и Најеф Раџуб, во градот Хеброн, во јужниот дел на Западниот Брег и ги одвеле во притвор, велат жителите.
Кафиша подоцна е ослободен од израелските сили.
Поранешните пратеници се дел од палестинската група на отпорот Хамас, која владее со Појасот Газа.
Нема соопштение од израелската војска за рациите.
Минатата недела, израелската Армија ги приведе поранешниот пратеник на Хамас, Незар Рамадан, и поранешниот министер Еса ал Џабари, кој подоцна беше ослободен.