Ikrame Imane Kouachi
09 Февруари 2025•Ажурирај: 10 Февруари 2025
АНКАРА (АА) - Израелската војска почна да се повлекува од Коридорот Нецарим во Појасот Газа како дел од договорот за прекин на огнот со палестинската група Хамас, објави израелската јавна телевизија КАН, пренесува Анадолу.
Повлекувањето се очекува да заврши денеска, според КАН.
Коридорот Нецарим беше воспоставен од израелската војска за да го одвои Појасот Газа на северен и јужен дел и да ги спречи раселените Палестинци да се вратат дома.
Повлекувањето доаѓа откако вчера Израел и Хамас ја завршија петтата размена со ослободувањето на тројца израелски заробеници во замена за 183 палестински затвореници.