Mustafa Deveci
25 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
ЕРУСАЛИМ
Израелските сили урнаа 4 палестински куќи-бараки во окупираниот Западен Брег со образложение дека не се легални, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелските војници со градежна опрема упаднаа во некои области населени со палестински бедуини во селата на градот Хеброн.
Одвреме-навреме имаше тензија помеѓу жителите на регионот, кои реагираа на одлуката за уривање, и израелските сили.
Иако Палестинците се обидоа да го спречат уривањето, качувајќи се на корпата на булдожерот, тоа не им успеа.
Израелските сили урнаа 10 објекти на палестински бедуини, од кои 4 куќи-бараки, а останатите штали, со образложение дека немаат дозвола за градба.
Според палестински извори, само минатата година израелските власти урнаа повеќе од 500 домови и деловни објекти на Палестинците во окупираните Источен Ерусалим и Западниот Брег.
Во рамките на Вториот договор од Осло, кој администрациите на Палестина и Израел го потпишаа во 1995 година, Западниот Брег е поделен на зони, А, Б и Ц.
Палестинците речиси e невозможно да добијат дозвола за изградба или проширување во поголемиот дел од зоната Ц, со образложение дека таа зона е под контрола на израелската администрација.