Mahmoud Barakat
26 Септември 2019•Ажурирај: 26 Септември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција денеска ги затвори сите влезови во комплексот на џамијата „Ал Акса“ и им забрани на верниците да влезат на богослужба, јавува Anadolu Agency (AA).
Во разговор за АА, директорот на комплексот на џамијата „Ал Акса“, Омар ал Кисвани, изјави дека повторното затворање на влезот е потполно неприфатливо.
„Израелските власти би требало веднаш да престанат со ваквата практика која се претвори во нивна секојдневна политика“, изјави Ал Кисвани.
Очевидците за АА изјавија дека израелската полиција во дворот на џамијата уапсила Палестинец.
Израелската полиција во соопштението наведе дека непознато лице во делот на Стариот Град во Ерусалим се обидело да изврши напад со нож, откако било приведено.