Ahmed Asmar
28 Мај 2025•Ажурирај: 29 Мај 2025
АНКАРА (АА) – Израелските воени авиони денес извршија нов бран воздушни напади врз аеродромот Сана во јеменскиот главен град, изјави министерот за одбрана Израел Кац, пренесува Анадолу.
Кац во соопштението тврди дека во нападите е уништен „последниот авион што им остана на Хусите како дел од операцијата „Златен орнамент“.
„Пристаништата во Јемен ќе продолжат да бидат под силни напади, а аеродромот во Сана ќе биде уништуван повторно и повторно“, предупреди Кац.
Телевизијата на Хусите „Ал-Масира“ ги потврди израелските напади врз аеродромот без да даде информации за причинетата штета или евентуални жртви.