Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout,Çağrı Koşak
17 Мај 2021•Ажурирај: 18 Мај 2021
ГАЗА (АА) - Израелските воени авиони бомбардираа фабрика за сунѓер во северниот дел на Појасот Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на Организацијата за цивилна одбрана на Газа, израелските воени авиони со фосфорни бомби ја нападнале фабриката за сунѓер, лоцирана на исток од бегалскиот камп „Џебалија“.
Во фабриката каде што се наоѓаа запаливи материјали избувна голем пожар. Во областа по нападот имаше голем чад.
Пожарникарите имаа тешкотии во ставањето на пожарот под контрола. Исто така направени се големи напори да се спречи пожарот да се прошири на околните згради.
Меѓу другото, се потсетува дека Израел погоди фабрика во Бејт Лахија пред два дена и предизвикал голем пожар.
Во нападите на Израел врз Појасот Газа од 10 мај, 197 лица, од кои 58 деца и 34 жени, го загубија животот. Повредени се 1.235 лица. Исто така десетици згради се целосно уништени или се неупотребливи.