Esat Fırat
28 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот професор; и аналитичар Еди Коен, анализирајќи го бранувањето во паритетот на долар/турска лира, како причина го посочи еврејското лоби, бранејќи ја создадената закана врз турската економија, јавува Anadolu Agency (AA).
Коен кој е професор на Универзитетот Бар-Илана и аналитичар на Центарот за стратешки истражувања Бегин-Садат, на социјалната мрежа Твитер, на хаштагот на арапски под наслов „Помогнете ѝ на турската лира“, даде свој коментар. Земајќи го претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, како цел, Коен напиша „Еј, разочарувачки Ердоган“.
Зборувајќи за барањето на турското МНР израелскиот амбасадор привремено да ја напушти Турција, Коен напиша: „Турската лира се наоѓа на најниско ниво во својата историја“.
Во исто време, Коен кој е советник и на израелската Влада, за претседателот на Турција, Ердоган, во својот пост напиша: „Половината од светското богатство му припаѓа само на едно еврејско семејство. Зарем не знаеш дека ова семејство е најголем поддржувач на Израел? Во ред, а што ќе кажеш за останатите еврејски богаташи?“
Коен, кој ѝ се закани на турската економија со еврејското лоби, во својот пост за бранувањето на турската лира напиша „Она што следува е многу полошо!“.
Коментарот на Коен објавен на Твитер доби поддршка само од следбениците од Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати и Египет, а реакција упатија следбениците од останатите арапски земји, на чело со Катар.