Meryem Göktaş
09 Октомври 2017•Ажурирај: 10 Октомври 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските артилериски сили утринава ги гранатираа позициите на палестинското движење Хамас во Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тенковите на израелската армија ја гранатираа воената база на Хамас во јужниот дел на Појасот Газа“, се вели во соопштението на израелските вооружени сили.
Во соопштението на израелската армија се вели дека нападот е одговор на ракетен напад на периферијата на израелскиот град Ашкелон, кој наводно бил изведен од страна на Газа.
Ракетата падна во ненаселено место и не предизвика штета, а одговорноста за нападот сѐ уште не ја презеде никој.
Околу два милиони Палестинци во Појасот Газа, веќе десет години се борат за опстанок, под целосна израелска блокада.
Овој појас во минатото честопати беше цел на израелските напади, а во средината на 2014 година, во 51-дневниот израелски напад загинаа најмалку 2.100 Палестинци.
Во нападите, животот го загубија 68 израелски војници.