Rania R.a. Abushamala
14 Април 2024•Ажурирај: 15 Април 2024
КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот безбедносен кабинет ги делегираше премиерот Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и министерот Бени Ганц да донесат одлуки за одговор по иранскиот напад, пренесува Анадолу.
Израелската радиодифузна корпорација не ја откри природата на одлуките донесени од Кабинетот, кој одржа состанок во заштитената област во Министерството за одбрана во Тел Авив.
Нетанјаху претседаваше со состанокот на Воениот кабинет пред состанокот на Владата, на кој беа вклучени поголем број министри.
„Ќе има одговор без преседан“, објави весникот Маарив цитирајќи неименуван претставник.
Израелските власти во последните денови предупредија дека доколку Иран го нападне Израел од негова територија, одговорот ќе биде внатре во Иран.
Израелската радиодифузна корпорација соопшти дека Израел побарал итен состанок на Советот за безбедност за да го осуди Иран и да ја прогласи Иранската револуционерна гарда за „терористичка“ организација.