Safiye Karabacak
01 Септември 2018•Ажурирај: 01 Септември 2018
ГАЗА (AA) - Израелските војници денеска за време на интервенцијата врз Палестинците, собрани на мирните протестите „Големиот марш за враќање" во пограничниот дел на Појасот Газа, ранија 52 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за здравство на Палестина се наведува дека израелските сили против демонстантите користеле боева муниција.
Се наведува дека бројот на ранетите Палестинци пораснал на 52. Се додава дека во тешка ситуација се наоѓа медицинар кој работел волонтерски како и 10-годишно дете.
Во соопштението пишува и дека 188 Палестинци биле изложени на силно влијание на солзавец.
Палестинците од 30 март, Денот на земјата, на границата на Израел и Појасот Газа го организираат „Големиот марш за враќање". Од тогаш до денеска загинале преку 160 лица, а ранети се повеќе од 17.000.
Израелските војници од друга страна, користат боева муниција против цивилното население кое бара „враќање на територијата од која е протерано и укинување на опсадата на Газа воведена во 2006 година".