Qais Omar Darwesh Omar,Muhammed Semiz
07 Мај 2022•Ажурирај: 09 Мај 2022
ЏЕНИН (АА) - Израелските власти го урнаа домот на палестинскиот затвореник Омер Џарадат во Џенин, на подрачјето на окупираниот Западен Брег, известува Агенција Анадолија (АА).
Очевидците информираа дека жителите на палестинската населба реагирале на доаѓањето на израелските сили и дека настанал судир во кој се ранети најмалку тројца Палестинци.
Израелските сили ги минираа и урнаа ѕидовите на домот на Џарадат во трокатна зграда.
Израелските сили минатата година го приведоа Џарадат и уште четворица Палестинци под обвинение за убиство на еден еврејски доселеник во Наблус. Израелските власти кон крајот на минатата година најавија дека ќе ги урнат семејните домови на овие затвореници.