Mustafa Deveci
10 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
ЕРУСАЛИМ/КУДС
Израелските сили во подрачјето на Западниот Брег приведоа 12 Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение што го објави израелската Војска се наведува дека во различни подрачја на Западниот Брег синоќа биле спроведени рации, при што се приведени 12 Палестинци под обвинение за „вмешаност во терористички акции“.
Во соопштението се вели дека споменатите Палестинци се испратени во регионалните центри за притвор.
Израелските сили често спроведуваат рации во палестинските домови на Западниот Брег и Источен Ерусалим (Кудс) и под разни обвинувања ги приведуваат Палестинците.
По приведувањата кои станаа вообичаена практика во Западниот Брег и во Источен Кудс, дел од приведените Палестинци, меѓу кои има и жени и деца, со денови се држат приведени во центрите за притвор.
Според официјалните палестински извори, во израелските затвори се наоѓаат 5.700 Палестинци, од кои 230 деца и речиси 500 административни затвореници.
Израел врз основа на разузнавачки информации воведе „административен притвор“, со кој Палестинците ги држи во притвор од 1 до 6 месеци. Доколку за притворениот се донесе одлука дека „претставува закана по безбедноста на Израел“, приведениот излегува пред воен суд и без да се потврди дека извршил кривично дело може да му се продолжи притворот до 5 години.