Esat Fırat
05 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
КУДС (АА) - Израелските сили приведоа 18 Палестинци во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Организацијата на палестински затвореници.
Израелските сили во ноќните часови извршиле рации на одредени локации во Источен Ерусалим и на Западниот Брег, пред сè во градот Тул Керим.
Според соопштеното, во овие рамки под различни тврдења се приведени 18 Палестинци, од кои тројца од населбата Исевије во Источен Ерусалим.
Локалните извори нагласија дека меѓу приведените се наоѓаат и поранешни затвореници и некои имиња блиски со движењето „Исламски џихад“.
Израелските сили често вршат рации во домовите во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, и под различни тврдења приведуваат Палестинци.
По овие приведувања кои станаа вообичаени, дел од Палестинците меѓу кои и деца и жени, со денови се држат во центрите за притвор.