Michael Gabriel Hernandez
17 Мај 2021•Ажурирај: 17 Мај 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ќе се состане оваа недела за да разговара за тековните напади на Израел врз Појасот Газа, соопшти денес претседателот на Генералното собрание, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Состанокот в четврток наутро ќе се осврне на тешката ситуација во окупираните палестински територии, напиша Волкан Бозкир на Твитер, додека Израел продолжува да ги интензивира нападите врз Газа.
Најмалку 200 Палестинци загинаа, од кои 59 деца и 35 жени, во израелските напади врз Појасот Газа од минатата недела, истакнаа палестинските здравствени власти. Повеќе од 1.305 лица се повредени, а десетици згради се уништени или оштетени во израелските напади.
Десет Израелци загинаа во ракетни напади на Палестинците од Појасот Газа кон Израел.