Esat Fırat
09 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
КУДС (АА) - Израелските сили приведоа 28 Палестинци во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс (Источен Ерусалим), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локални извори, израелските сили извршиле рации во различни зони на Западниот Брег и Источен Кудс.
Се истакнува дека во рамки на рациите на Западниот Брег се приведени 24, додека во Источен Кудс, 4 Палестинци.
Инаку, израелските сили често вршат рации на Западниот Брег и Источен Кудс, и под различни тврдења приведуваат Палестинци.
По приведувањата кои станаа вообичаени на Западниот Брег и Источен Кудс, дел од Палестинците, меѓу кои деца и жени, со денови се држат во центрите за притвор.