Esat Fırat
01 Ноември 2021•Ажурирај: 02 Ноември 2021
КУДС
Израелските сили приведоа девет Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на палестинската официјална новинска агенција ВАФА (WAFA), израелските сили извршиле рации во различни зони на Западниот Брег.
Во веста се нагласува дека во рациите биле приведени 9 лица.
Се истакнува дека израелските војници во рациите во местото Налајн во Рамала задржале десетици млади Палестинци, на кои им се заканиле со апсење доколку продолжат со демонстрациите против еврејските населени места.
Инаку, израелските сили често вршат рации во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс, и под различни тврдења приведуваат Палестинци.
По приведувањата кои станаа вообичаени на Западниот Брег и Источен Кудс, дел од Палестинците меѓу кои жени и деца, со денови се држат во центрите за притвор.