Alaattin Doğru
01 Ноември 2021•Ажурирај: 02 Ноември 2021
АНКАРА
Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека австралискиот премиер Скот Морисон лаже дека ја информирале Франција за откажувањето на договорот за подморниците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Макрон одговараше на прашања на новинарите за кризата за договорот за подморници меѓу Австралија и Франција на Самитот на лидерите на Г20 што се одржа во Рим, главниот град на Италија.
На новинарското прашање „Дали мислите дека Скот Морисон вас ве лажел?“, францускиот претседател одговори дека не само што мисли дека Морисон лаже, туку е сигурен во тоа дека лаже.
Макрон исто така додаде дека се во преговори со австралиските власти и дека ситуацијата со текот на времето ќе стане појасна.
Наведувајќи дека ја почитува Австралија и нејзиниот народ, Макрон рече дека оваа почит треба да биде взаемна.
- AUKUS договор меѓу Австралија, САД и Велика Британија
По потпишувањето на договорот AUKUS меѓу Австралија, САД и Обединетото Кралство на 16 септември, беше соопштено дека е откажан договорот вреден 90 милијарди австралиски долари (66 милијарди американски долари) со француската „Навал груп“ (глобален и главен француски изведувач во одбраната, специјализиран за поморско-базирана одбрана) за изградба на 12 конвенционални дизел-електрични подморници.
Откажувањето на договорот предизвика криза меѓу Франција и Австралија, а Франција како одговор ги повлече своите амбасадори од Канбера и Вашингтон.
Од друга страна, Морисон изјави дека однапред ја известиле Франција за откажување на договорот.