Ekipa
23 Март 2025•Ажурирај: 24 Март 2025
ПАРИЗ (АА) - Неколку илјади демонстранти се собраа во Париз синоќа на собир против расизмот и фашизмот, еден ден по Меѓународниот ден за елиминација на расната дискриминација, јавува Анадолу.
Демонстрантите маршираа од Плоштадот на Републиката до Плоштадот на нацијата, извикувајќи „Не на расизмот“, „Фашизмот надвор“ и „Слободна Палестина“.
Француската полиција, на готовност поради слични демонстрации организирани низ целата земја, на моменти интервенираше на демонстрациите во Париз.
Над 220 организации се приклучија на протестите, меѓу кои и левичарската партија Непокорена Франција, предводена од Жан-Лук Меланшон.
Меѓународниот ден за елиминација на расната дискриминација се одбележува секоја година на 21 март.