Ekip
27 Февруари 2016•Ажурирај: 03 Март 2016
ЈУЖНОАФРИКАНСКА РЕПУБЛИКА (AA) - Прв аеродром кој се напојува со соларна енергија на африканскиот континент отворен е во петок во градот Џорџ во Јужноафриканската Република (ЈАР), јавува Anadolu Agency.
Министерот за транспорт Дипоу Петерс по тој повод изјави дека се работи за потег кој ќе ги зајакне еколошките иницијативи на африканскиот контитент.
Соларната енергија која се собира со помош на панелите на површина од 200 метри квадратни ќе дава 750 киловати чиста обновлива електрична енергија за аеродромот.
Капацитетот на произведенаа енергија со време ќе расте, а вишоците ќе бидат продавани на националната електростопанска компанија Еском.
"Владата е на пат на транзицијата на Јужноафриканската Република во земја која ќе намали емисија на крабони, со иклузивна, ефикасна и климатски прифатлива економија и општество", рече министерот.
Градењето на соларната електрана заврешно е два месеци пред рокот, а започна во март минатата година. Инвестицијата е вредна околу милион американски долари.
Ова е само дел од планот според кој, во периодот од 2025-2030 година сите девет аеродроми во ЈАР, со кои управува националната компанија ACSA, ќе се префрлат на изворите на чиста енергија.