Elena Trenchevska Chekovic
13 Септември 2025•Ажурирај: 14 Септември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Над 5.000 луѓе излегоа на улиците на италијанскиот град Милано, во знак на поддршка на Глобалната флотила „Сумуд“, јавува Анадолу.
Демонстрациите, организирани од разни палестински и италијански групи и здруженија, започнаа кај Дарсена во дистриктот Навиљи и завршија кај Кастело Сфорцеско. По рутата, имаше големи скандирања во поддршка на Глобалната флотила и на палестинскиот отпор во Газа.
Исто така, се вееја многу палестински знамиња и транспаренти, како и оние на синдикатите и здруженијата што зедоа учество на протестот.
На пешачкиот мост над Дарсена, демонстрантите развија транспарент на кој пишуваше „Тргнете ги рацете од флотилата. Слободна Палестина“ и закачија кукла со ликот на израелскиот премиер Нетанјаху.
Демонстрациите, придружувани од полицајци во цивил и полициски службеници, завршија без инциденти.