Oktaj Omeragikj
06 Јуни 2025•Ажурирај: 09 Јуни 2025
ЕРУСАЛИМ (АА) - Муслиманите се собраа во џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Ерусалим за да се помолат за Курбан Бајрам, јавува Анадолу.
Илјадници муслимани во џамијата Ал-Акса во Стариот град на Источен Ерусалим, првата кибла на муслиманите, се помолија по повод празникот Курбан Бајрам.
Во меѓувреме, група израелски доселеници кои ги узурпираа палестинските земји, беа забележани како шетаат во областа на Стариот град на Источен Ерусалим.
Израелската полиција презеде мерки на претпазливост околу џамијата Ал-Акса.