Atila Altuntaş
14 Февруари 2022•Ажурирај: 15 Февруари 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Имигрантските муслимански семејства во западна Шведска протестираа против државните социјални служби за неправедно одземање на нивните деца од своите домови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстратите држејќи ги фотографиите на нивните деца се собраа на плоштадот „Густав Адолф Торг“ во Гетеборг и извикуваа „Вратете ни ги децата“, „Нашите деца ни се одземени, бевме изложени на неправда“ и „Сакаме правда“.
Шведските официјални претставници велат дека децата се одземени од семејствата под одредени околности но ги негираа наводите за киднапирање и злоупотреба на децата.
Микаил Јуксел, лидерот на шведската партија Нијанси (Partiet Nyans), за Агенција Анадолија изјави дека го поддржува протестот и сочувствува со семејствата на кои децата им беа одземени, нарекувајќи го тоа трагедија.
Јуксел вели дека многу луѓе ја побарале неговата помош за да бидат заштитени нивните права од државните социјални служби. И покрај тоа што ги отфрли објавите на социјалните мрежи, нарекувајќи ги гласини дека муслиманските деца биле дадени на христијански семејства, тој рече дека дискриминацијата игра улога во овој процес.
„Оправдувањето на агенцијата за социјални услуги за земање дете од шведско семејство не е иста со причината за земање дете од муслиманско и имигрантско семејство. Застрашувачки предрасуди влегуваат во игра за имигрантските и муслиманските семејства.“
Извештајот подготвен од Бирото за дискриминација во земјата покажува дискриминацијата на имигрантските семејства чии деца се одземени, рече тој.
- Пронајдено е насилство, злоупотреба, но државата негира „киднапирање“ и други тврдења -
Андерс Игеман, министерот за миграција и интеграција, исто така рече дека тие разговараат за ова прашање преку дијалог со муслиманските невладини организации.
Неделните демонстрации се надоврзаа на протестот минатата недела пред Парламентот во Стокхолм каде муслиманските семејства чии деца беа одземени од страна на социјалните служби ги обвинија за малтретирање и злоупотреба.
Исто така, градот Фалчепинг во западна Шведска објави дека ставил крај на договор со компанија која обезбедува грижа за деца и е одговорна за одземање на децата од нивните семејства, објави државното радио „СР“.
Шведскиот инспекторат за здравје и заштита соопшти дека пронашол насилство и сомнителна сексуална злоупотреба поврзана со работата на компанијата.
Минатиот четврток, шведскиот генерален Конзулат во Истанбул, Турција, ги одби тврдењата за малтретирање и злоупотреба на муслиманските деца од страна на социјалните служби.
„Многу агресивна кампања на гласини е во тек на различни социјални медиуми, и во Шведска и во странство се тврди дека шведските социјални служби киднапираат, затвораат и сексуално ги искористуваат муслиманските деца. Овие информации, се разбира, се погрешни и единствена цел е да создадат тензии и да се шири недоверба“, се вели во соопштението.
Се додава дека активностите на шведските социјални служби се управувани првенствено од Законот за социјални услуги, кој, како што се нагласува, е основан на принципот на доброволност. „Сепак, дополнителни одредби во Законот за грижа на млади овозможуваат во одредени случаи да се одлучува за мерки дури и без согласност“.