Emre Aytekin
25 Февруари 2020•Ажурирај: 27 Февруари 2020
АНКАРА (АА) – Дваесет и еден од 30-те градови со најголемо загадување на воздухот во светот се наоѓаат во Индија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Светскиот извештај за квалитетот на воздухот објавен од швајцарската Меѓународна агенција за мерење на загадувањето на воздухот „AirVisual“, индиските и јужно-азиските градови се најзагадени.
Во извештајот меѓу 30-те градови со најголема вредност на PM2.5 честички што означува количество микрочестички кои предизвикуваат загадување на атмосферскиот воздух се вклучени 21 град од Индија и 6 града од други земји од Јужна Азија.
Првите 5 града со најголемо загадување се Газиабад во Индија, Хотан во Кина, Гуџранвала во Пакистан, следуваат градовите Фејсалабад и Њу Делхи во Индија.
Бангладеш во Југоисточна Азија е земја со најголемо загадување по глава на жител, а меѓу европските земји Босна и Херцеговина се најде на првото место.
- 90 проценти од светската популација е изложена на загадување на воздухот -
Во извештајот, исто така се наведува дека 90 проценти од светската популација е изложена на загадување на воздухот над вредностите кои Светската здравствена организација (WHO) ги смета за нормални за здравјето на луѓето.
Се проценува дека загадувањето на воздухот секоја година предизвикува 7 милиони предвремени смртни случаи низ светот.