Şeyma Uzundere
18 Мај 2022•Ажурирај: 19 Мај 2022
ЊУ ДЕЛХИ - Дванаесет лица ги загубија животите како последица на уривање на ѕид од фабрика за пакување сол во западна Индија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Несреќата се случила во фабрика во подрачјето на градот Морби, оддалечено 215 километри од Гандинагар, главниот град на индиската држава Гуџарат.
Од уривањето на ѕид на фабриката животот го загубија 12 работници, а 13 се повредени.
Индиските власти информираа дека спасувачката операција е речиси завршена, а во тек е истрагата за откривање на причините за несреќата.
Уривањата и колапсот на објектите се вообичаена појава во Индија поради употребата на супстандардни материјали во градежништвото.
Седумдесет и две лица загинаа при уривање на зграда во индискиот град Мумбај во 2013 година.