Associated Press
06 Ноември 2021•Ажурирај: 08 Ноември 2021
ЊУ ДЕЛХИ
Десет пациенти починаа денес, попожарот што избувна во болничкиот оддел за Ковид-19 во западната индиска држава Махараштра, соопштија службениците, јавува Агенција Анадолија (АА).
На одделот на болницата во градот Ахмеднагар во моментот кога избувнал пожарот имало 17 пациенти. Преживеаните пациенти се префрлени на оддел за Ковид-19 во друга болница.
Пожарот е ставен под контрола, а причината ќе биде откриена по истрагата.
Премиерот на Махараштра, Давендра Фаднавис, на Твитер изјави сочувство поради смртта на пациентите и повика на „строга акција“ против одговорните.
Вакви инциденти не се невообичаени во Индија. Во мај, кога земјата се борешеа со голем пораст на бројот на случаи на коронавирус, во пожарот на ковид-одделот во западна Индија починаа најмалку 18 пациенти.
Лошото одржување и недостатокот на соодветна противпожарна опрема често доведува до смртни случаи во Индија.