Ekipa
05 Август 2016•Ажурирај: 06 Август 2016
ГАУХАТИ (АА) - Властите соопштија дека најмалку 12 лица загинале, а 15 се повредени кога бунтовниците отворија оган на преполн пазар во државата Асам, во североисточниот дел од Индија , јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на локалената полиција Л. Р. Бишнои рече дека шестмина бунтовници отвориле оган од автоматско оружје и фрлиле гранати на пазарот во Балаџан, на подрачјето надвор од градот Кокраџхар.
Бишнои додаде дека еден напаѓач е убиен, а по останатите пет напаѓачи кои избегаа од полицијата сè уште се трага. Неколку куќи и дуќани се оштетени во нападот.
Полицијата за нападот ја обвини фракцијата на Националниот демократски фронт на Бодоланд. Оваа група бара независна татковина за племенскиот народ Бодо.