Muhammet Nazım Taşcı
29 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
АНКАРА
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Индија предизвика смрт на 4.711 лица, при што оваа земја зад себе ја остави Кина (4.634 починати), каде што за првпат е забележан новиот тип коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во веста што ја објави телевизискиот канал НДТВ се наведува дека Индија ја надмина Кина и по бројот на смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19 и по бројот на детектирани лица позитивни на вирусот.
Досега во Индија се регистрирани 4.711 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, додека во Кина од новиот тип коронавирус починаа 4.634 лица.
- За првпат во Индија детектирани над 7 илјади лица позитивни на вирусот
Во последните 24 часа во Индија на тестот на коронавирусот биле позитивни 7.466 лица.
Ова е највисока бројка на детектирани случаи на заразеност од 30 јануари, кога е регистриран првиот случај на заразеност со Ковид-19.
Во последните 24 часа од последици на заразеност со новиот тип коронавирус животот го загубија 175 лица.
Вкупниот број на лица кои биле позитивни на тестот на Ковид-19 изнесува 165.799.