Mahmut Atanur
17 Март 2019•Ажурирај: 17 Март 2019
ЏАКАРТА (АА) - Индонезискиот остров Ломбок во интервал од две минути го погодија два земјотреса со јачина од 5,8 и 5,2 степена предизвикувајќи свлечиште во кое животот го загубија две лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Индонезиската агенција за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) соопшти дека земјотресот со јачина од 5,8 степени е евидентиран на 24 километри североисточно од подрачјето на Источен Ломбок, на длабочина од 10 километри.
По него, на северозапад, на длабочина од 11 километри, регистриран е земјотрес со јачина од 5,2 степена.
Според веста објавена во весникот „Темпо“ („Tempo“), за време на земјотресот на подрачјето од северниот дел на индонезискиот остров Ломбок на кое се наоѓале околу 40 туристи, главно Мелезијци, настанало свлечиште.
Локалните власти соопштија дека во свлечиштето, предизвикано од земјотресот, животот го загубиле две лица, а дека голем број се повредени.
Во соопштението се истакнува дека во тек се спасувачки операции за извлекување на другите туристи кои останале заглавени во подрачјето. Притоа, не се соопшти бројот на заробени туристи и националноста на починатите.
Не е издадено предупредување за цунами.
Во земјотресите со јачина од 6,3, 6,9 и 7 степени, кои во јули и август минатата година го погодија островот Ломбок, загинаа 563 лица, а последиците од земјотресите ги почувствуваа над 450.000 луѓе.