?????
17 Ноември 2015•Ажурирај: 17 Ноември 2015
КАРО (АА) – Вулканот Синабунг на островот Суматра, на северот на Индонезија, повторно „се разбуди“ и интензивно исфрла големи количини чад и пепел, пишува Аnadolu Agency (AA).
Повторната ерупција на вулканот придвижи и пирокластична лава, пена која содржи меурчиња на врели гасови и камења, а која достигнува оддалеченост од три километри од планините.
За разлика од претходните месеци кога Синабунг повеќепати исфрлаше вулканска лава, мештаните од околните села не вршат евакуација туку мирно ги набљудуваат случувањата.
Синбунг, по приближно 400 години мирување, првпат се активираше во летото, 2010 година.
Оттогаш повеќепати еруптираше поради што стотици луѓе ги изгубија животите додека повеќе илјади мештани беа присилени да се преселат во други краеви. Научниците веруваат дека овој вулкан е „разбуден“ од низата земјотреси кои ја потресуваат Сумарта.
Индонезија географски е сместена во т.н Пацифички огнен појас каде се наоѓаат најмалку 120 активни вулкани во светот.