?????
17 Ноември 2015•Ажурирај: 19 Ноември 2015
БРИСЕЛ (AA) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека муслиманите се оние кои се наоѓаат на "линијата на фронтот" во борбата против тероризмот и екстремизмот.
Столтенберг, говорејќи пред новинарите во Брисел во вторникот, пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ, рече дека неодамнешниот бран терористички напади не беше борба помеѓу Западот и муслиманскиот свет:
„Муслиманите се на првите редови во борбата против терористите и екстремизмот, тие се главните жртви.“ „Тероризмот не прави разлика помеѓу нацијата и верата, како што видовме во Бејрут и во Анкара.“
Бејрут претрпе двоен терористички напад во ист ден како и Париз, за кој исто така одговорност зеде Даеш, каде загинаа 43 лица. Минатиот месец, на 10 октомври, Анкара беше погодена од двоен самоубиствен бомбашки напад во кој загинаа 102 лица, за кои турските официјални лица ја обвинуваат Даеш.
Коментарите на Столтенберг доаѓаат во време на голема загриженост за реакциите против бегалците по нападите во Париз, особено со екстремно десничарските партии низ Европа кои предизвикуваат негативно мислење за бегалците. Некои земји-членки на ЕУ од источна Европа одбиваат да ги прифатат европските квоти за дислоцирање на бегалците низ целиот блок.
„Борбата против тероризмот и екстремизмот е комплексен предизвик и затоа ни треба еден сеопфатен пристап, ни требаат воени и дипломатски напори“, додаде Столтенберг. „Сите сојузници на НАТО учествуваат во коалицијата за борба против Даеш и ние ги интензивираме нашите активности кога станува збор за размена на анализи, информации, разузнавање,“ рече тој.