Gamze Türkoğlu Oğuz
24 Април 2019•Ажурирај: 25 Април 2019
КЕЈП КАНАВЕРАЛ (АА) - Американската Национална администрација за аеронаутика и вселена – НАСА, која на Марс го спушти леталото Инсајт (InSight) за сеизмички преглед, забележа мал потрес на црвената планета, пренесува Anadolu Agency (AA).
Научниците соопштија дека Инсајт на 6 април забележал мал потрес на Марс, што претставува прв заведен податок за земјотрес на оваа планета.
Филип Лоњон од парискиот Институт за физика, искажувајќи ја својата воодушевеност што конечно е докажано дека Марс сè уште е активен на сеизмолошко поле, истакна: „Со месеци чекавме еден ваков сигнал“.
Експертите информираа дека ги анализираат податоците на сеизмолошките сигнали добиени на 6 април и на уште три други послаби добиени во средината на март.
Научниците, анализирајќи ги земјотресите на Марс, се надеваат дека ќе добијат повеќе информации околу формирањето на црвената планета.
Од геолошки аспект се смета дека Марс не е толку активен како Земјата и налик на Месечината, нема тектонски плочи.