Hamdi Yıldız
24 Април 2019•Ажурирај: 26 Април 2019
КАИРО (АА) – На Либискиот самит одржан во Каиро упатена е пораката веднаш безусловно да се прекине огнот и да започнат политичките преговори, јавува Anadolu Agency (AA).
Во завршната декларација на Либискиот самит одржан Каиро, главниот град на Египет, упатен е повик до спротивставените страни да прекинат со војната и да започнат со политичките преговори.
Во декларацијата се истакнува значењето на ставањето крај на хаосот предизвикан од страна на вооружените милиции, а исто така наведена е важноста оружјето да се наоѓа во рацете на армиските сили и регуларната полиција.
Во завршната декларација, во којашто е упатена пораката веднаш безусловно да се прекине огнот и да се започне со политичките преговори, се нагласува: „Од продолжувањето на нестабилноста во Либија најмногу штета им е предизвикана на африканските земји, затоа тие земји најмногу го посакуваат политичкото решение“.
Египетскиот претседател, Абдулфетах ал Сиси, на 14 април, за време на состанокот со Калифа Хафтар, истакна дека неговата земја ја поддржува борбата против теророт и екстремистичките вооружени милиции. Политичките аналитичари ја коментираа изјавата на Сиси како поддршка на Хафтар.
На Самитот за Либија, покрај Абдулфетах ал Сиси, присуствуваа претседателите на Руанда и Јужна Африка, претседателот на Република Конго во својство на претседател на Африканската Унија за Либија и претседателот на Комисијата на Африканската Унија, Муса Факи.