Fatih Erel
09 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународната организација за миграции (IOМ) соопшти дека 64 мигранти се удавиле во обид да го преминат Средоземното Море и да стигнат од Либија во Италија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на Меѓународната организација за миграции, Флавио ди Џакомо, на социјалните мрежи соопшти дека тонењето на гумениот чамец кој превезувал 150 мигранти се случило во саботата и дека настрадале 64 лица.
Според неговите наводи спасени се 86 лица.
Податоците на Меѓународната организација за миграции (IOМ) покажуваат дека во 2017 година преку Средоземното Море дошле 171.000 бегалци, а дека настрадале 3.116 мигранти.