Barış Gündoğan
16 Март 2019•Ажурирај: 17 Март 2019
АНКАРА (АА) - Во антитерористичките акции на северниот дел на Ирак неутрализирани се шест терористи на ПКК, меѓу кои и една жена, се соопштува од Министерството за одбрана на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во судирите загинаа двајца, а ранети се осум турски војници. Од Министерството потврдија дека се неутрализирани шест терористи.
На семејствата на загинатите војници им упатија сочувство, а на ранетите им посакаа побрзо закрепнување.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на 40.000 лица, меѓу кои има и жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.