Haydar Karaalp
27 Октомври 2019•Ажурирај: 28 Октомври 2019
БАГДАД (АА) - Според информациите добиени од локални извори, на протестите што веќе трет ден се одржуваат на плоштадот „Тахрир“ во ирачкиот главен град, се приклучиле и студенти од голем број државни и приватни универзитети, меѓу кои и студентите од универзитетите „Багдад“ и „Мустансирија“. Се дознава дека на демонстрациите што се одржуваат на плоштадот „Тахрир“ во главниот град, учествуваат стотици ученици од основните и средните училишта, јавува Anadolu Agency (AA).
На социјалните мрежи се објавени видеоснимки од протестите на кои ученици протестираат против Владата, држејќи постери во рацете.
- Немаше прекувремена работа во државните институции -
Денеска во државните институции во Багдад не се работеше прекувремено.
Али Саид, вработен во гувернерството на Багдад за АА, изјави: „Денеска не е официјален неработен ден, но никој не отиде на работа. Еден дел од службениците, поради блокираните сообраќајници не можеа да стигнат на своите работни места, додека еден голем дел од нив учествуваа во демонстрациите на плоштадот Тахрир.“
- Од „Тахрир“ се издигнуваат облаци дим -
Ирачките сили пак, со цел да ги растераат демонстрантите од плоштадот „Тахрир“, продолжуваат да употребуваат звучни бомби и солзавец. Често се слуша одекот на звучни бомби од плоштадот „Тахрир“, поради употребата на гасни бомби и солзавец, од местото се издигаат облаци од дим.
Ирачаните организираат протести во различни делови од земјата поради невработеноста, корупцијата и недостигот на јавни услуги. На протестите кои започнаа на 1 октомври, по прекинот поради церемонијата на Арбаин, вчера започнаа повторно.
На протестите, кои освен во главнот град Багдад се проширија и во централните и јужните градови од Ирак, досега животот го загубија приближно 200 лица, а околу 8.000 се ранети.