Bilal Güler
26 Декември 2020•Ажурирај: 28 Декември 2020
АНКАРА
Во синоќешната лавина во близина на главниот град на Иран смртно настрадаа 6 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави иранската информативна агенција ИСНА, лавината се случила во местото Шемиранат, во близина на Техеран.
Претседателот на Агенцијата за помош и спасување во склоп на иранската Црвена полумесечина, Мехди Велипур, информираше дека во лавината предизвикана од снежните врнежи и бурата животот го загубиле 6 лица.
Велипур истакна дека 16 лица се потрупани со снег и додаде дека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по исчезнатите.