Sarp Özer
26 Декември 2020•Ажурирај: 27 Декември 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денес се состана со либискиот министер за внатрешни работи Фетхи Али Абдул Башага, јавува Агенција Анадолија (AA).
Акар заедно со делегацијата, која ја сочинуваат началникот на Генералштабот на турската Армија, генерал Јашар Гулер, и командантите на турските сили, престојува во официјална посета на Либија.
Турската делегација предводена од министерот Акар го посети Центарот за обука на полицијата „Таџура“.
Турскиот министер разговараше со министерот Башага, на кого му го честиташе Денот на независноста на Либија, кој се одбележува на 24 декември.

„Постигнавте големи нешта. Се надевам дека така ќе биде и во иднина и дека нашите либиски браќа ќе живеат во благосостојба, безбедност и мир“, рече Акар.
Министерот Башага изрази благодарност за посетата на турската делегација и додаде дека Турците се браќа на либискиот народ.
Башага и Акар потоа го посетија Центарот за обука на полицијата и разговараа со тамошните претставници.
На 27 ноември, Анкара и Триполи потпишаа пакт за воена соработка, како и договор за поморските граници во Источниот Медитеран.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза од 2011 година, кога беше убиен долгогодишниот лидер на земјата Муамер Гадафи. Водачот на сепаратистичките сили од источна Либија, Калифа Хафтар, во април минатата година започна напади за заземање на Триполи, кои беа спречени од силите на Владата на национално единство на Либија.
Владата на Либија е формирана во 2015 година врз основа на договорот на иницијатива на Обединетите нации, но напорите за долгорочно политичко решение не успеаја поради воената офанзива на силите на Хафтар.