Muhammet Kurşun
27 Септември 2019•Ажурирај: 28 Септември 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусеви, ги осуди санкциите на САД кон руските и кинеските фирми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мусеви во писмената изјава, пренесена преку веб-страницата на Министерството за надворешни работи, ги критикуваше санкциите на САД кон Русија и Кина.
„Најновите санкции на Соединетите Американски Држави се кршење на резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на Обединетите нации“, истакна Мусеви, додавајќи дека Американската влада со овој чекор ги казнува сите други земји што работат во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, за која и самата гласаше.
Тој, опишувајќи ги американските санкции како „дестабилизирачки“ и „заканувачки за меѓународната трговија“, ја предупреди меѓународната јавност за последиците од санкциите.
Мусеви, потсетувајќи дека режимот на Асад во Сирија е „член на ОН, и е легална и легитимна“ влада, рече дека Русија е предмет на санкции поради соработката со оваа администрација.
„Прекумерната употреба на санкциите на САД влијае врз интересите на граѓаните и на компаниите, а исто така ги загрижува и независните земји за слободната трговија“, нагласи Мусеви.
- Нови санкција на САД
Во соопштението на Министерството за финансии на САД, објавено на 25 септември, се истакнува дека пет руски бродови, една компанија и три лица се вклучени во списокот за санкции, со образложение дека тие обезбедуваат гориво за авионите на Руските вооружени сили во Сирија.
Во изјавата на Министерството за финансии на САД, исто така, соопштено е дека на листата на санкции вклучени се и кинеските компании „КОСКО шипинг танкер“ („Cosco Shipping Tanker Co.“), „Чајна конкорд петролеум“ („China Concord Petroleum Co.“), „Кунлун холдинг компани“ („Kunlun Holding Company“), „Кунлун шипинг компани“ („Kunlun Shipping Company“) и „Пегасус 88 лимитед“ („Pegasus 88 Limited“).