Elena Teslova
08 Септември 2021•Ажурирај: 09 Септември 2021
МОСКВА (АА) - Руското Министерство за вонредни состојби денеска објави дека министерот Евгениј Зиничев починал додека спасувал живот на друго лице на тренинг-вежба во најсеверниот град во светот, Норилск, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Со жалење ве известуваме дека при вршење на службената должност во Норилск на меѓусекторски вежби за заштита на Арктичката зона во вонредни ситуации, спасувајќи живот на едно лице, трагично почина челникот на Министерството за вонредни состојби, Евгениј Зиничев“, се наведува во соопштението на Министерството.
Зиничев, кој наполни 55 години на 18 август, беше на функцијата руски министер за вонредни состојби од мај 2018 година. Зад себе остави сопруга и син.