Muhammet Kurşun
05 Ноември 2019•Ажурирај: 05 Ноември 2019
ТЕХЕРАН
Иранскиот претседател, Хасан Рохани, наведувајќи дека европските земји не ги исполниле обврските околу нуклеарниот договор, најави дека од утре ќе започне вбризгувањето гас во иранското нуклеарно постројување „Фордо“, каде што моментално се активни 1.044 центрифуги, јавува Anadolu Agency (AA).
Рохани зборуваше на церемонијата за отворање на фабриката за слободни иновации во главниот град Техеран, а во таа прилика го најави четвртиот ирански чекор кој Иран ќе го направи, поради, како што кажа, неисполнети ветувања од нуклеарниот договор.
Тој потсети дека според договорот, во иранското нуклеарно постројување во селото Фордо работат 1.044 центрифуги без вбризгување на гас, и порача дека од утре ќе започнат и со вбризгување гас.
Тој нагласи дека новите активности на Иран ќе се одвиваат под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), и дека кај овој чекор нема враќање како и кај претходно преземените чекори.
Рохани ги повика земјите П5+1 (САД, Британија, Кина, Франција, Русија и Германија) , односно страните во нуклеарниот договор, да ги исполнат обврските од пред 1 јануари 2017 година. Како што изјави, во досегашниот дел од преговорите немаше договор, и доколку дојде до отстранување на американските санкции и Иран е подготвен да ги исполни своите обврски.
Кон средината на 2015 година Иран потпиша нуклеарен договор со групата земји П5+1 (пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија).
Според заедничкиот сеопфатен акциски план, договорот му дозволува на Техеран активности за збогатување со ураниум во процент од 3,67 отсто. Во согласност со договорот, Иран може да располага со најмногу 300 килограми ураниум и 130 тони тешка вода.
Техеран претходно презеде чекори за зголемување на нивото на збогатен ураниум и зголемување на снабдувањето со вода врз основа на тоа што европските земји не ги исполнија своите обврски кон нуклеарниот договор.
Иран презема чекори за намалување на своите обврски од нуклеарната спогодба според член 36 од договорот, според кој освен ако не се укинат санкциите, има право да го раскине договорот целосно или делумно.