Emel Öz Gözellik
05 Ноември 2019•Ажурирај: 05 Ноември 2019
АНКАРА
Најмалку девет американски државјани загинаа во вооружен напад во сојузната држава Сонора, на северниот дел на Мексико, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Членовите на две семејства, меѓу кои жени и деца, патувале од градот Бависпе кон местото Ла Мора за да присуствуваат на венчавка. За време на патувањето вооружени лица извршиле напад на нивниот автомобил“, пишуваат мексиканските медиуми.
Во нападот се убиени најмалку девет лица, шест деца и три жени, додека 12 лица се водат за исчезнати.
Во врска со случајот е започната истрага, а кон местото на нападот се упатени припадници на безбедосните сили.