Bilal Güler
07 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
АНКАРА
Претседателот на Централната банка на Иран, Абдунасир Химети, соопшти дека досега не успеале од странство да купат вакцина против новиот вид коронавирус (Ковид-19) поради санкциите кои го спроведуваат САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Химети преку соопштение објавено на социјалните мрежи одговори на критиките во врска со земјата не обезбедила вакцина против Ковид-19.
Тој рече дека не се вистини тврдењата дека санкциите на САД не претставуваат пречка за купување на вакцината против Ковид-19, и дека се соочиле со пречки во оваа насока поради санкциите.
„Вакцината против коронавирус (COVAX) треба официјално да се купува преку Светската здравствена организација (СЗО). За тоа пробавме секаков начин на плаќање и траснфер на пари, но се соочивме со пречки поради нехуманите санкции на владата на САД и поради задолжителноста за добивање лиценца на OFAC“, нагласи тој.
Химети нагласи дека бараат други начини за трансферирање на пари.