Fuat Kabakcı
07 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји, ги повика Соединетите Американски Држави (САД) да ја обноват меѓусебната доверба, и повторно да го започнат дијалогот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „South China Morning Post“, министерот Ванг преку видео-конференција учествувал на состанокот на делегациите на Управниот одбор на кинеско-американскиот деловен совет.
„Моментално најитна задача за двете страни е да работат заедно за да се отстранат сите пречки и да се обезбеди непречена транзиција во односите меѓу Кина и САД“, нагласи Ванг, во своето обраќање на состанокот.
Наведувајќи дека „Менталитетот за студената војна чија мода е помината и идеолошките предрасуди на некои политичари во САД се главната причина за оштетувањето на односите“, министерот Ванг рече: „Се надеваме и веруваме дека кинеската политика на САД, порано или подоцна ќе се сврти кон објективноста и рационалноста“.
Ванг додавајќи дека треба да се управуваат различностите рече:
„Во исто време, треба да ја обновиме довербата, да се вратиме на вистинската линија и да го започнеме дијалогот, заснован на заедничките интереси на народите и земјите.“
Кино-американските односи беа тензични околу прашањата на Јужното кинеско море, Тајван и Хонг Конг по доаѓањето на власт на американскиот претседател Доналд Трамп во САД. Потоа тие односи се претворија во трговската војна која влијаеше на глобалната економија.