Ahmet Dursun
24 Август 2019•Ажурирај: 25 Август 2019
АНКАРА (АА) - Иранската револуционерна гарда соопшти дека успешно спровеле ново ракетно тестирање, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што пренесува иранската полуофицијална агенција „Тесним“, Хусеин Салами, командантот на Револуционерната гарда, во изјавата за медиумите во градот Мешхед истакнал дека успешно спровеле ново ракетно тестирање.
Наведувајќи дека Иран продолжува да експериментира со различни одбранбени и стратешки воени системи, Селами рече: „Ова се чекори за зголемување на нашата моќ. Вчера беше еден од успешните денови на оваа нација.“
Селами не даде информации за видот на ракетата којашто е тестирана.
Телевизијата „Си-ен-ен“ на 16 август, врз основа на официјалните претставници на Министерството за одбрана на САД, информираше дека за една недела Иран се подготвува да тестира ракета.
Резолуцијата 2231, која го поддржува нуклеарниот договор усвоен од Советот за безбедност на Обединетите нации на 20 јули 2015 година, го повикува Иран да не тестира никакви балистички ракети способни да носат нуклеарна глава.
Администрацијата на Техеран тврди дека овие проектили немаат капацитет да носат нуклеарни боеви глави.