Burak Bir
06 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Иран вчера стави под карантин две покраини кои се познати туристички дестинации, како дел од напорите за запирање на ширењето на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според новинската агенција ИСНА, покраините Мазандаран и Гилан се затворени за туристите поради Ковид-19.
Бројот на починати од коронавирусот во Иран порасна на 107 лица.
Иранскиот министер за здравство, Саед Намаки, упати апел до населението да не заминува на одмор сега кога училиштата се затворени до 20 март, како дополнителна мерка за заштита.
Ковид-19 се појави во Вухан, Кина, во декември минатата година и се прошири во над 80 земји.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), досега во светот од коронавирусот починаа над 3.200 лица, со над 95.000 потврдени случаи.
Челникот на СЗО, Тедрос Аданом Габресушас, упати апел светот сериозно да го сфати коронавирусот бидејќи „животи можеме да спасуваме само заедно“.