Mustafa Melih Ahıshalı
15 Февруари 2021•Ажурирај: 23 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Асоцијацијата за образовна психологија на Иран, Фариборз Дортаџ, рече дека приближно 4 милиони ученици од основното и средното образование во Иран не можат да ја следат онлајн наставата наметната поради пандемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи за новинската агенција „Фарс“, Дортаџ даде информации за пристапот на учениците од основните и средните училишта до системот за далечинско образование.
„Четири милиони ученици од основното и средно образование во Иран не можат да следат онлајн настава затоа што немаат интернет, компјутери или паметни телефони“, рече Дортаџ.
Тој порача дека за да се пополни празнината во образованието, во текот на летото треба да се одржува настава со физичко присуство и да се реализираат дополнителни часови.
Во Иран има околу 15 милиони ученици во основното и средното образование.