Ekipa
10 Јули 2019•Ажурирај: 11 Јули 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот претседател, Хасан Рохани, денес изјави дека Велика Британија ќе се соочи со последиците поради заплената на танкер во Гибралтар минатата недела, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ја предупредувам Британија дека иницијаторите на несигурноста се во морињата и подоцна ќе ги сфатите последиците од тоа“, истакна Рохани во изјава пренесена од локалните медиуми.
Британската Влада соопшти дека нафтениот танкер превезувал два милиона барела сурова нафта за Сирија, што претставува кршење на санкциите, кои Европската Унија ги воведе против режимот на Башар ал Асад.
„Непријателот е во потрага по создавање на несигурност во регионот, па така го наруши иранскиот воздушен простор и се соочува со цврст одговор. Од друга страна, го запленија иранскиот танкер преку застапници, што беше многу погрешен потег. Британските сили неправедно го запленија нашиот брод во Гибралтар“, нагласи Рохани.
Гибралтарското пристаниште и агенциите за спроведување на законот, со помош на британската морнарица, го задржаа супертанкерот „Грејс 1“ минатата недела, во четвртокот изутрина.
„По инцидентот, Техеран го повика британскиот амбасадор Роб Мекеир во иранското Министерство за надворешни работи поради нелегалното задржување на нафтениот танкер, нарекувајќи го таквиот потег пиратство“, објавија светските медиуми. Велика Британија истакнува дека го спроведува режимот на санкциите на ЕУ против Сирија.