Ahmet Dursun
25 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Воен авион на ирачките воздухопловни сили излета од пистата при слетување на аеродромот, при што загина еден од двајцата пилоти кои беа во авионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван ирански воен претставник соопшти дека несреќата се случила доцна синоќа на аеродромот на воздухопловната база во градот Хемедан.
Иранскиот воен авион од руско производство од типот Mig-29 излетал од пистата при слетување.
Во авионот се наоѓале двајца пилоти од кои едниот загинал а другиот е тешко повреден.
Неименуван извор рече дека причина за несреќата бил технички дефект на авионот, но дека деталите околу тоа се предмет на веќе започнатата истрага.