Aida Cako
20 Октомври 2025•Ажурирај: 21 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Две лица загинаа откако карго авион „Боинг 747-400“ на компанијата „AIR ACT“ удри во возило на пистата за време на слетувањето на Меѓународниот аеродром во Хонгконг, по што излета од пистата и падна во морето, јавува Анадолу.
Инцидентот се случи денес, а според првичните информации, судирот се случил веднаш откако авионот се спуштил на пистата.
По несреќата, властите ги прекинаа сите активности на пистата додека трае истрагата.
На местото на инцидентот беа пратени спасувачки екипи и пожарникари, а истражителите работат на утврдување на причините за судирот.
Несреќата предизвика прекин во авионскиот сообраќај на еден од најпрометните аеродроми во светот.